
Tројцата партнерите во „Влен“ контра Таравари – немаме никаква комуникација со ДУИ
Трите партии од коалицијата ВЛЕН – Беса, Алтернатива и Демократско движење реагираа на социјалните мрежи на наводите што лидерот на четвртиот партнер во таборот Арбен Таравари ги изнесе во вчерашното интервјуто за „360 степени“. Тие нагласуваат дека немаат комуникација ниту канали за комуникација со Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Трите партии од коалицијата Влен – Беса, Алтернатива и Демократско движење реагираа на социјалните мрежи на наводите што лидерот на четвртиот партнер во таборот Арбен Таравари ги изнесе во вчерашното интервјуто за „360 степени“. Тие нагласуваат дека немаат комуникација ниту канали за комуникација со Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, кое е дел од владејачката коалиција и министер за здравство, одговарајќи на прашања во врска со разговорите внатре во Влен за настап на претстојните локални избори, потврди дека на овие состаноци тој предложил самостоен настап на секоја од четирите партии на советничките листи, а заеднички кандидати за градоначалници, но тоа било отфрлено од лидерите на другите три партии – Биљал Касами, Зеќирија Ибраими и Изет Меџити. Во врска со шпекулациите, кои кружат дека преговара со Влен за воопшто да не се договори, бидејќи е веќе договорен со ДУИ, Таравари рече дека нема врска со ДУИ, а на дополнително прашање дали има контакти со партијата од Мала Речица, тој кажа дека има комуникација, како што имаат и другите партии од Влен.
Таравари денеска ја повтори оценката дека коалицијата функционира недоволно синхронизирано, и оти очекува тоа да се поправи, но и дека не размислуваат да си заминат од Владата.
– Засега не, и не планираме да излеземе од Владата, рече Таравари на новинарско прашање на прес-конференција во Министерството за здравство каде информираше за состојбата со лекувањето на пациентите повредени во пожарот во Кочани.
По интервјуто на Таравари, сите три партии веднаш излегоа со соопштија на социјалните мрежи во кои ги негираат наводите дека имаат комуникација со ДУИ.
-Не сакајќи да прејудицираме на точното значење на изјавата на г. Таравари дека – покрај него – со Али Ахмети комуникација имаат и други лидери на ВЛЕН, поради исправноста на членството на Движењето Беса, партиските органи и нашите поддржувачи, морам да појаснам дека ниту претседавачот Биљал Касами, ниту кој било друг член на Движењето Беса немаат комуникација со Демократската унија за интеграција, се вели во реакцијата на Движењето Беса.
Посочуваат дека граѓаните и поддржувачите на Движењето Беса добро знаат дека од неговото основање до сега никогаш не биле во комуникација со ДУИ и оти немаат причина за такво нешто.
-Да имаше, ќе беше отворена и за граѓаните. Али Ахмети е единствениот виновник за состојбата на Албанците во Северна Македонија и колку побрзо оди во политичка пензија, толку подобро за него и за Албанците. Додека Влен има смисла само до тој степен што одржува политичка дистанца од ДУИ, велат од Беса.
И од Алтернатива во реакцијата посочуваат дека никој од нивната партија нема никаква комуникација со ДУИ
-За да се разјасниме за јавноста, но и да бидеме коректни со партиските тела и структури, како и со членството и поддржувачите, јавно изјавуваме дека Алтернатива нема комуникација на ниту едно ниво и на ниту еден канал со Демократската унија за интеграција и нејзиниот претседател. Надвор од ова, Алтернатива смета дека нема причина или потреба за комуникација со партија запишана на американската црна листа на нон грата лица, која Албанците ќе ја паметат само по корупција, криминал и злоупотреба на власта. Останувајќи доследна на својот став дека ВЛЕН е коалиција изградена за афирмирање на вредностите на новиот политички морал и за воспоставување нови политички стандарди, Алтернатива оценува дека адресата за заштита на албанските интереси е преку комуникација со народот и одбрана на нивните интереси на целосен и достоинствен начин, се наведува во реакцијата на Алтернатива.
Од Демократско движење на Изет Меџити, пак, ги отфрлаат наводите на Таравари оценувајќи ги како шпекулации.
Оттаму велат дека немаат и нема да имаат никаков вид соработка со партија „потоната во корупција и чии клучни личности се ставени на црната листа на американскиот Стејт департмент за заробување на судството и злоупотреба на власта“.
-Демократското движење јасно и недвосмислено се оградува од која било политичка структура која ја трансформирала корупцијата во начин на владеење, а државата во алатка за лично богатење. ДД останува цврста во својата визија за чиста, некорумпирана политика и во служба на граѓаните, се посочиува во реакцијата на Демократското движење.