Tошковски: Опасното возење за слава на мрежите ќе биде санкционирано

„Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание“ – со оваа порака министерот за внатрешни работи Панче Тошковски реагираше по објавувањето на видео на кое се гледаат млади лица како се возат на хауба од автомобил што се движи со голема брзина низ скопските улици.

Случајот предизвика силна реакција во јавноста, а МВР веднаш презеде мерки и ги идентификуваше лицата вклучени во опасното возење.

-Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи.

Овој случај нека биде потсетник дека секое непромислено однесување ќе биде санкционирано, напиша министерот.