
Граѓанската иницијатива Support Kocani објави вознемирувачки фотографии од тешките изгореници кај младите повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“.
На сликите се прикажани изгореници на лице и екстремитети, со цел – како што велат од иницијативата – „надлежните конечно да сфатат колку се сериозни последиците од оваа трагедија“.
Од иницијативата претходно упатија и критики за несоодветните услови за лекување во Кочанската болница, предупредувајќи дека жртвите не смеат да бидат оставени сами да се справуваат со последиците од трагедијата.
Од таму го нагласија и тоа колку е скап процесот на рехабилитација за преживеаните.
Според нив, едно парче компресивна облека, неопходна за третман на изгореници и минимизирање на лузни, чини од 100 до 1.200 евра, а некои деца ќе имаат потреба од пет до шест парчиња.