Од Газпром негираат одговорност за високите цени на гасот во Европа
„Газпром не е заинтересиран за ултрависоки или ниски цени и не е одговорен за високите цени на гасот во Европа“. Ова го изјави генералната директорка на Газпром експорт, Елена Бурмистрова на Конференцијата за пазарот за гас Флејм (Flame), што се одржува во Амстердам.
Бурмистрова вели дека Газпром е изложен на „шпекулации и лажни извештаи“ за постапките на пазарот на гас и вмешаноста во зголемување на цената.
“Ние не сме заинтересирани за рекордно ниски или рекордно високи цени на гасот. Последново води до колапс на побарувачката во Европа, што е спротивно на нашите интереси како производители и добавувачи. Ние сакаме избалансиран и предвидлив пазар на кој ние и нашите клиенти ќе можеме успешно го развиваме нашиот бизнис“ вели таа.