Oд 1 септември во употреба првата линија на „Градски воз“ долга 25 километри

Сите работи на првата делница на „Градскиот воз“ од Зелениково до Транспортен центар Скопје долга 25 километри ќе бидат завршени во предвидениот рок до јуни годинава.

Сите работи на првата делница на „Градскиот воз“ од Зелениково до Транспортен центар Скопје долга 25 километри ќе бидат завршени во предвидениот рок до јуни годинава.

Во текот на летниот период ќе се прават тестирања, а од септември таа треба да биде пуштена во употреба. За другите две делници ќе биде распишан еден тендер што би требало да значи дека ќе се скрати рокот на комплетно завршување на проектот за „Градски воз“ за најмалку една година, односно дека трите линии ќе бидат функционални на крајот на 2027 година.

-Задоволство е да се види дека проектот добро напредува. Динамиката е добра. Ние минатата година кога го започнавме овој проект ветивме дека првата линија ќе биде завршена до јуни и тоа ќе биде остварено. Сакам да почнеме да ја навикнуваме јавноста да се завршуваат проектите во предвиден рок и како што гледате, проектите кои што оваа Влада ги почнува завршуваат во предвидениот рок и се движат со добра динамика, затоа што пред да ги започнеме проектите имаме еден многу сериозен процес на планирање за кога ќе се излезе на терен и ќе почне да се работи навистина да се испорача она што се ветува, рече при увидот во градежните работи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

До денес, додаде тој, прогресот на првата линија која што оди од Зелениково, преку Драчево, Ново Лисиче, Кисела Вода, Аеродром и Нова железничка станица е 65 проценти, што е согласно динамичкиот план.

-Очекуваме до јуни таа да биде завршена. Потоа следува еден период на тестирање и нашата цел е, а таа цел ќе ја постигнеме, на 1 септември, со почетокот на школската година да почне да функционира „Градскиот воз“ на линија Зелениково, Драчево, Ново Лисиче, Аеродром, Нова железничка станица. Убеден сум дека ова многу ќе помогне во растоварување на сообраќајот, а исто така и во очекување на зимата и во намалување на загадувањето, рече Николоски.