Oд денес испечатените електронски документи се признаваат како целосно валидни

Од денес секој електронски документ од Националниот Портал и другите државни институции можете да го употребувате и испечатен, информира министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Од денес секој електронски документ од Националниот Портал и другите државни институции можете да го употребувате и испечатен, информира министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Со измените на Законот за електронски документи се предвидува дека електронските документи издадени од јавни органи, печатени на хартија нема да подлежат на процесот на верификација, туку ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат.

Нивната валидност ќе може да се потврди со скенирање на QR-кодот на документот, кој води до оригиналот на документот.

Андоновски потенцира дека вака се олеснува употребата на електронските документи во административните процедури и се стимулира поголема искористенот на Националниот портал за електронски услуги.

Фото: Трилинг / Стефан Андоновски

-Намален товар врз администрацијата и полесна достапност и ефикасност во обезбедување на административните услуги. За сите неправилности се предвидува воведување на инспекцискиот надзор (ИКТ инспекција) над примената на законот. Со тоа се обезбедува јасни правила за контролирање на исполнувањето на стандардите и барањата од Законот, стои во објавата на министерот.