
Порталот „Икс“ на новинарот Фуркан Салиу кој деновиве е актуелен во јавноста поради неговото приведување во неделата попладне за време на фудбалски натпревар во скопско Средно Коњари, објави видеоснимка од моментот на неговото апсење.
На видеото се слуша – „Еј! Не можам да дишам!“ – во моментот кога Салиу е соборен наземи од страна на специјален полициски службеник, додека неколку други специјалци се околу него.
Видеоснимката на која одблизу се гледа моментот пред приведувањето на новинарот Фуркан Салиу е направена од прозорецот од возачкото седиште на автомобилот паркиран во непосредна близина.
Се претпоставува дека настанот го документирал еден од снимателите на порталот „Икс“.
Во еден момент до автомобилот се приближува специјален полициски службеник и вели: „Не снимај бе ти“ – се слуша на видеснимката, по што за кусо време видеото се прекинува.
Снимен е и моментот кога Салиу, со рацете зад грб од страна на специјалец е одведен до полициско возило во близина: