Ненов: Од 1. јануари наместо греење на струја или парно – волнени кебиња!
„Не бевме доволно паметни да инвестираме во нови начини на производство на енергија, па во момент кога сме најмногу зависни од увозот, ние ќе се соочиме со недостаток на енергија. Македонија освен што увезува и извезува енергија. Во ситуација кога ќе имаме рестрикции, кои не се баш добри ниту за стопанството, ниту за жителите, тогаш ќе треба да го сопреме и ние извозот на електрична енергија. Државата може да реагира со воведување на вонредна енергетска состојба, па ќе се преусмери енергијата од извоз и ќе се користи внатре во самата држава“ вели Марјан Ненов, граѓански активист во „Трилинг“
На прашањето дали по 1 јануари ќе се грееме на струја, на парно или треба да купуваме дрва, Ненов вели:
„Ќе купуваме волнени кебиња изгледа“