
„Marigold Box“ од Италија со Нирвана трибјут концерт во Лабораториум
Како што соопштуваат од „Андерфест“, трибјут бендот „Marigold Box“ се смета за меѓу најдобрите Nirvana трибут бендови во цела Европа, а во 2025 година ќе свират на најважниот трибјут фестивал во цела Германија - Thunder Rail Festival, како и во познати клубови во Швајцарија, Србија, Италија.
Бендот „Marigold Box“ од Бергамо, Италија, вечерва во Лабораториум во Скопје ќе одржи трибјут концерт на групата Нирвана со почеток во 20:30 часот.
Како што соопштуваат од „Андерфест“, трибјут бендот „Marigold Box“ се смета за меѓу најдобрите Nirvana трибјут бендови во цела Европа, а во 2025 година ќе свират на најважниот трибјут фестивал во цела Германија – Thunder Rail Festival, како и во познати клубови во Швајцарија, Србија, Италија.