„Изворот на проблемот со Бугарија е Договорот за добрососедство потпишан меѓу Република Македонија и Република Бугарија, тој август 2017 година. Од тој договор практично потекнуваат сите проблеми“.
Ова меѓудругото синоќа во тв гостување го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој потсети дека за неговата партија уште тогаш овој договор бил избрзан.
Мицкоски зборувајќи за можното референдумско прашање, рече дека во него треба да биде содржан изворот на проблемот, а тоа е Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година.
„За референдумот едната опција е со 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, другата се потписите или и двете. Консултациите се уште траат. Повеќе време ќе се посвети во консултации со уставни експерти за референдумското прашање. Во прашањето ние треба да го локализираме изворот на проблемот, а тоа е договорот со Бугарија од 2017 година. Оттаму потекнуваат сите проблеми“ – вели Мицкоски и додава „ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени“.