
Mбапе не е омилен во Париз, само еден играч на „светците“ гласал тој да биде капитен
Луис Енрике одби да ја искористи можноста тој да го именува новиот капитен на Пари Сен Жермен и одлучи соблекувалната да гласа.
Во гласањето најмногу гласови добил Бразилецот Маркињос кој ќе остане лидер на соблекувалната, а покрај него имало гласови за уште тројца фудбалери.
Според информациите на „Радио Монте Карло“, Данило Переира бил зад Маркињос, потоа Преснел Кимпембе на третото место.
Килијан Мбапе од соиграчите добил само еден глас и тоа од својот добар пријател, Мароканецот, Ашраф Хакими.
Така францускиот голгетер сезонава ќе биде дури четврти избор за капитен.
Очигледно поради случувањата надвор од теренот и веројатно неговото заминување идното лето Мбапе и не е така омилен помеѓу своите соиграчи.