Koстадиновски: Силата на аргументите ја прават одлуката на Уставниот суд авторитетна

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски учествува на 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт Романија, каде што попладнево имаше обраќање, на Првата работната сесија со фокус на темата: Конституционална рамка на толкување на Уставот.

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски учествува на 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт Романија, каде што попладнево имаше обраќање, на Првата работната сесија со фокус на тема: Конституционална рамка на толкување на Уставот.

Во неговиот говор, како што информираат од Уставниот суд,  акцентот го ставил на „живиот конституционализам” и интерпретацијата на Уставот во современите општества. Тој ги истакнал дилемите за толкувањето на Уставот низ призмата на две гледишта, т.н.  „жив конституционализам” и оригинализмот, притоа нагласувајќи дека неговите сфаќања се поблиску до интерпретација на Уставот преку еден од помодерните начини за негово толкување, односно „жив констутиционализам”.

-Дефиницијата за „жив Устав” е Устав што се менува како што се менуваат времињата. Имено, промените во општеството бараат адаптација, прилагодување на уставните вредности, принципи и норми на настанатите промени, без формална измена на уставниот текст. Оваа теорија е во допир со реалноста, и ваквиот пристап кон уставно судското толкување сам по себе се наметнува како нужен, неопходен и општествено оправдан. Силата на аргументите е таа која ја прави одлуката на Судот авторитетна, додека отсуството на аргументирана и образложена одлука донесена низ призмата на живиот конституционализам, само може да ги потврди стравувањата на оригиналистите, за „уставотворење од клупата”. Овие суштествени елементи, доведуваат до совршен правен ефект наречен „умерен жив конституционализам”, кој својот практичен ефект го има во општествените разбирања кои ги надминуваат уставните, изјавил претседателот на Уставниот суд.

Според претседателот Костадиновски, овој начин на толкување на уставните норми, во модерните општества им пркоси на предизвиците со кои се соочуваат уставните судии и е во насока на афирмирање на улогата уставни судии како чувари на Уставот, но и најповикани толкувачи на правната норма.

-Креативната и иновативната интерпретација ја стимулира амбицијата и чувството на совест и одговорност кај судиите, ја спречува летаргијата и стагнацијата во квалитетот на расправите и одлуките, овозможува прогрес, и ја развива пристојната умесна критика на одлуките. Со толкување на Уставот низ призмата на живиот конституционализам, со силата на правните сфаќања и аргументи со кои тоа се прави, може само да се зголеми кредибилноста и авторитетот на Судот, прво да ги антиципира и прифати, но истовремено и да влијае и да ги трасира промените или уште попрецизно да ги хармонизира и усогласи пишаните уставни вредности и норми со духот на времето, истакнал тој.

На Когресот ќе се обратат претседателот на Уставниот суд на Романија, претседателите на Европскиот суд на правдата и на Европскиот суд за човекови права, претставници на Врховниот суд за касација и правда, претседателката на ACCF и други истакнати правници од европските судови и меѓународни организации.

Во работниот дел предвидено е членките на АCCF да дискутираат и да донесат одлуки за: тригодишниот извештај за етичките принципи, презентација на тригодишниот финансиски извештај, предлог за измени на Статутот и Деловникот за работа на ACCF, презентација на водичот „Етички принципи на уставниот судија“, предложен од ACCF- Гласање од страна на Генералното собрание, презентација на кандидатурите за членови на Бирото на ACCF за периодот 2025–2028, презентација на барањето за членство на Уставниот суд на Косово, презентација на тригодишната програма на ACCF за периодот 2025–2028 година.

Покрај Костадиновски, дел од Делегацијата на Уставниот суд во Букурешт е и советникот на Судот Татјана Јањиќ- Тодорова.