
Ковачевски денеска објави фотографија од Самиот на Западен Балкан, на која е фотографиран заедно со претседателот на Франција Емануел Макрон и канцеларот на Германија Олаф Шолц.
„Со претседателот на Франција Емануел Макрон и канцеларот на Германија Олаф Шолц, кои се наши големи поддржувачи, секогаш имаме конструктивни разговори за европската иднина на Северна Македонија. Денеска за време на Самитот во Тирана разговаме за актуелните процеси во Република Северна Македонија, посебно во делот на започнатиот скрининг процес како и за предизвиците со кои се соочуваме и успешно ги надминуваме. Тема на нашиот разговор беше и енергетската криза, актуелните состојби во Европа и војната во Украина“, објави Ковачевски на Фејсбук.