Непознат администратор го сменил името на Бујар Османи на македонски јазик на англиската верзија на страницата на Википедија, па на местото на неговото име беше напишано „Бугар Османов“.
За само 40 минути името на Османи било променето дури 12 пати, а засега не е познато чие дело е направена оваа промената. Администраторите брзо реагираа за да ги отстранат навредливите содржини на најпознатата интернет енциклопедија и да ги вратат оригиналните. Сега повторно е вратена оригиналната содржина и навредите се избришани.
За разлика од англиската верзија на профилот на Османи кој има голема содржина, македонскиот профил на Wikipedia има само неколку податоци за образованието и лекарската кариера и се уште го води како „политичар и поранешен министер за здарвство“, иако во хронологијата на функциите сепак е наведено дека е министер за надворешни работи.