Борислав Крмов од Левица му забележа на премиерот Ковачевски дека во воведното обраќање сам за себе говорел, а не за причините за разрешувањето на министерот за здравство.
„Стартуваа со мнозинство од 64 пратеници а сега се „окрупнија“ со 64 пратеници.СДСМ е малцински партнер во Владата, сега го имаат Министерството за животна средина и само нешто МВР им остана. Главен во Владата е ДУИ, а СДСМ му ја врши валканата работа, а тоа е уништување на албанската опозиција. Алтернатива веќе нема да има ни еден пратеник, но и Алијанса ќе биде пуштена низ вода“, рече Крмов.
На говорот на Крмов 33 пратеници се пријавија за реплики.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски е зачуден од Алијанса на Aлбанците бидејќи влегуваат во Влада последната година од мандатот на оваа власт.