Kралот Чарлс Трети во божиќната порака повика на помирување и единство

Британскиот крал Чарлс Трети во овогодишното божиќно обраќање ги повика луѓето на помирување и единство, апелирајќи до сонародниците да пронајдат сила во различноста на своите заедници за да осигураат дека правилното ќе победи над погрешното.

Британскиот крал Чарлс Трети во овогодишното божиќно обраќање ги повика луѓето на помирување и единство, апелирајќи до сонародниците да пронајдат сила во различноста на своите заедници за да осигураат дека правилното ќе победи над погрешното.

Тој го спомена духот на генерацијата од Втората светска војна, која, како што рече, се обединила за да се соочи со предизвикот пред кој се нашла, покажувајќи ги квалитетите за кои рече дека ги обликувале и Велика Британија и Комонвелтот, пренесува „Гардијан“.

– Сè помалку од нас, како што минуваат годините, се сеќаваат на крајот на Втората светска војна. Но, храброста и жртвата на нашите војници и начинот на кој заедниците се обединија соочени со толку голем предизвик, носат безвременска порака за сите нас, истакна британскиот крал Чарлс.

Според него, тоа се вредностите кои ги обликувале Британија и Комонвелтот. „Додека слушаме за поделби, како дома така и во странство, тоа се вредностите кои никогаш не смееме да ги изгубиме од вид“, нагласи тој.

По пукањето на плажата Бондај и нападот на синагогата во Манчестер, тој ја пофали и спонтаната храброст на оние кои се изложуваат на опасност за да ги бранат другите. Британскиот крал го спомена и влијанието што новите технологии можат да го имаат врз благосостојбата и кохезијата на заедницата додека светот се врти „сè побрзо“, сугерирајќи дека празничниот период би можел да биде момент за „полнење на батериите“ и зајакнување на тие заедници.

Британскиот монарх ги пофали квалитетите на отпорноста во соочувањето со неволјите, мирот преку простување, едноставното запознавање на соседите, искажувањето почит едни кон други и создавањето нови пријателства.