Водата која надојде од булеварот Александар Македонски во гаражниот дел од Ист Гејт Мол експресно е исцрпена. Целиот простор е саниран, и се спроведени неопходните активности тој да биде функционален и безбеден.
Нивото на приземје како и повисоките катови од молот воопшто не беа засегнати од поплавата. Погодените нивоа од поплава беа ниво минус 2 и минус 1 од центарот, кои сега како што може да се забележи од фотографиите се во одлична состојба, спремни да ги дочекаат посетителите.
Просторот се чисти, дезинфицира и се враќа во функција, и граѓаните може да бидат сигурни во својата безбедност. Посетителите повторно можат да уживаат во огромната понуда од реномирани продавници и бројни други содржини, велат одговорните во Ист Гејт Мол.
Отворите за канализација на булеварот Александар Македонски се отпушени, а од страна на техничките служби во молот превземени се дополнителни превентивни и безбедносни мерки за спречување на случаи од овој тип во иднина. Центарот е подготвен за своите посетители, а отворањето ќе биде објавено на социјалните мрежи.