
Cafe De Anatolia Experience во Виница – Настан од светски ранг што ја воодушеви Македонија!
Со првото издание на Cafe De Anatolia Experience концептот, регионот стана сведок на спектакл од светски ранг – настан каков што не се гледа секој ден, длабоко врежан во емоциите на сите присутни.
На 19 јули вечерта, Виница блесна на музичката мапа на светот! Со првото издание на Cafe De Anatolia Experience концептот, регионот стана сведок на спектакл од светски ранг – настан каков што не се гледа секој ден, длабоко врежан во емоциите на сите присутни. Настанот се одржа во SLIV Elite Events, локација која совршено го долови духот на фестивалот и ја претвори Виница во епицентар на културната и музичката магија.
Публиката уживаше во целодневна програма со музички настапи, специјално сценско осветлување, артистички изведби, како и брендирани производи поврзани со светскиот бренд Cafe De Anatolia, кој потекнува токму од тука.
На настанот пристигнаа гости од различни земји кои дојдоа специјално за настанот, како и посетители од различни градови низ Македонија, правејќи го Cafe De Anatolia Experience највлијателниот и највпечатливиот настан во последната деценија во регионот.
На бината настапија домашни и интернационални DJ-и кои го претставија каталогот на изданија од Cafe De Anatolia, вклучувајќи ексклузивни траки. Дополнително, беа претставени и двете официјални вина на брендот – Cafe De Anatolia Wine и Mediterraneo, кои беа дел од избраното мени.
Во текот на настанот, гостите имаа можност да го видат и новиот бутик со маици и облека со оригинален дизајн, инспириран од визуелниот стил на брендот. Програмата беше збогатена со пантомимичари и танцувачи, кои дополнително придонесоа за уникатната атмосфера.
Организатори на настанот се основачите на Cafe De Anatolia – Моника Илиева (Monika Ilieva), Зоран Илиев (Billy Esteban) и Никола Илиев (Nickarth/Rialians On Earth), кои преку овој концепт го донесоа светскиот звук и искуство во родниот град.