„Bad Blue Boys“ мора да останат во грчките затвори

Навивачите на фудбалскиот клуб Динамо од Загреб ќе останат во грчките затвори најмалку половина година, потврди нивниот адвокат Атанасиос Каменакис, кој и самиот бил дел од навивачката група на Панатинаикос „Гејт 13“.

На рочиштето пред судот се појавија група навивачи, по што зборуваше и адвокатот.

Каменакис рече дека се уште не се знае што ќе биде понатаму.

– Следната одлука што ја чекаме е кој ќе излезе од истражен притвор, и кој ќе одговара, и кој ќе оди на судење, а кој ќе оди на слобода вели тој.

Истрагата може да трае и до 18 месеци, но се очекува да добијат притвор уште најмалку шест.

Грчкиот адвокат кој ги застапува навивачите на Динамо, дека за 60 од 90-те што ги застапува нема материјален доказ во овој случај, бидејќи нема снимки, материјални докази, ниту ДНК примероци.

– Нашата одбрана е цврста, апелирам до семејствата на моите клиенти да останат смирени. Кога ги посетив „Bad Blue Boys“ во затворите, чуварите ми рекоа дека се крајно дисциплинирани и добро воспитани. Многу сум горд на нив – рече тој.

Да потсетиме, 102 навивачи од хрватска националност беа уапсени во август за нереди и убиство на грчки навивач, пред натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо.