Aнгелина Димовска-Миташева – нова директорка на Филхармонија

Ангелина Димовска-Миташева е новата в.д. директорка на Филхармонија, потврдија за државната МИА од Филхармонија.

Досегашен в.д. директор беше Даниел Лазаровски, кој беше на функцијата од септември минатата година.

Синдикалната организација на Филхармонија минатата недела поднесе петиција до Министерството за култура за разрешување на Лазаровски, поради како што велат, неправилности во работењето и низа незаконски постaпки.

На ова, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска изјави дека доколку Синдикатот за култура во оваа институција има одредени сознанија за мобинг од страна на директорот, постојат инстанци каде тоа треба да го пријават и тој ќе биде соодветно санкциониран.