Aмар Мециновиќ е кандидат за градоначалник на Скопје од Левица

„Левица сака да ги обедини сите кои се против ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Јавниот превоз ќе ни биде првиот примарен приоритет за кој ќе се залагаме. На нивна страна се парите и моќта, а за она што ние го нудиме тие немаат одговор. Ова е наша борба и наша приказна, за нашето Скопје. За граѓаните треба да биде јасно дека гласаат за политичка волја, која ни пресуди ние сега да немаме автобуси“, рече Амар Мециновиќ.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев соопшти дека кандидатот за градоначалник за Град Скопје од нивната партија ќе биде Амар Мециновиќ.

„Левица ќе настапи со рекорден број на кандидати. На минатите избори имавме осум кандидати, оваа година ќе одиме со преку 20. Претходно имавме 38 советнички листи, а оваа година ќе одиме над 62. Ова покажува дека Левица прераснува од мала во средно-голема политичка партија. Почнуваме со претставување на кандидатот на градоначалник за Град Скопје, место кое ќе биде за најглавен мегдан“, рече Апасиев.

Мециновиќ кажа кои ќе бидат негови приоритети, потсети дека бил и советник во Градот.

Посебен фокус стави на јавниот транспорт, градската чистота, Генералниот урбанистички план, борбата со загадениот воздух.