Aдвокатот Туфегџиќ: Таткото на Вања бил физички малтретиран пред началникот кој сведочеше, имаме и лекарски извештај
Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски смета дека началникот Музафер Калишиќ изнел само свое видување и сомнеж за поврзаноста на таткото на Вања за киднапирањето на ќерката.
Aдвокатoт на таткото на убиената Вања, Владимир Туфегџиќ изјави дека началникот Музафер Калишиќ во денешното сведочење изнел само свое видување и сомнеж за поврзаноста на Александар Ѓорчевски со киднапирањето на ќерката.
„Тој не даде никаква аргументација на што се должи неговиот сомнеж. Од друга страна видовме дека да не биле Александар и Гоце уште би претпоставувале што и како се случило со овие лица и уште немаше да имаме епилог. Началникот во тоа време врши многу висока функција. Тој извлекол мислење дека само Александар му е сомнителен поради неговото чудно однесување. Токму овој сведок е човекот кој Александар го донел на обвинителна клупа без ниту еден аргумент и доказ, наместо да го направи она за што бил платен од граѓаните. Добро е што тој веќе не ја раководи таа служба“ рече Туфегџиќ.
Тој додаде дека началникот Калишиќ не ја кажал вистината за малтретирањето на Александар во полициската станица.
„Пред него се одвива целата тортура врз Александар. Тој е во просторијата заедно со Алекандар и заедно со двајца или тројца негови колеги. Тоа што го кажа инспекторот не е точно, тоа се одвивало пред неговите очи. Имаме и лекарски извештај каде при преглед се утврдени повреди кои се настанати точно кога Александар бил во полициска станица“, посочи Туфегџиќ, јавува Фокус.