Aдвокатот на Палевски не дојде на судење

Нема да се одржи закажаното рочиште на кое требаше Љупчо Палевски-Палчо да продолжи со давање исказ за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Утринава, судот добил известување од адвокатот на Палевски, дека не е во можност да присуствува од здравствени причини.

Нема да се одржи закажаното рочиште на кое требаше Љупчо Палевски-Палчо да продолжи со давање исказ за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Утринава, судот добил известување од адвокатот на Палевски, дека не е во можност да присуствува од здравствени причини.

Поради тоа, ќе се донесе решение за одлагање на расправата, а наредбите за спровод на Палевски и обвинетите Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски ќе бидат отповикани од судијата Ивица Стефановски. Отповикана, ќе биде и наредбата за спровод на Александар Ѓорчевски од куќен притвор.

Според досегашната динамика на судењата, расправите требаше да завршат до крајот на мај, а веќе во јуни да може да се донесе пресуда. Одлагањата на рочиштата од било која причина ќе го успорат процесот. Палевски претходно имаше двајца адвокати, но еден од нив, Маријан Витанов, се откажа, додека Страшевски остана.

На минатото рочиште Палевски одговарајќи на прашања од неговиот бранител Страшески негираше одговорност за двојното убиство, тврдејќи дека нема мотив за такви злосторства и дека е жртва на „морален атентат“, организиран од политички и медиумски структури.

Палевски вели дека во Турција не бегал, туку отишол да докаже дека Гоце Делчев не го убиле Турците туку врховистите

Според него, обвиненијата се дел од обидите за негово дискредитирање поради неговите активности против корупцијата и перењето пари во земјата, како и политичкиот ангажман за организирање референдум за прашањето со Бугарија.

Палевски ги отфрли обвинувањата поврзани со настаните од 22 ноември 2023 година, денот кога, според Обвинителството, бил убиен Панче Жежовски, нагласувајќи дека времињата и фактите наведени во обвинението не се совпаѓаат со реалноста.