До Државната изборна комисија (ДИК) до овој момент пристигнати се 17 приговори кои се однесуваат на постапката за сумирање на резултатите од парламентарните избори, информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска-Алексовска.
– Приговори за постапка за гласање нема. Приговори за постапката за сумирање на резултатите за парламентарните избори има поднесено од Коалицијата ВЛЕН – 9 и од Коалицијата „Твоја Македонија“ – 8, изјави портпаролката на ДИК.
Роковите за доставување приговори до ДИК за остварување на избирачко право завршија во 19:00 часот, додека роковите за поднесување приговори за претседателски е до 22:30 часот и до 23:30 часот за парламентарните избори.
ДИК за утре закажа јавна седница за објавување на конечност на резултатите за Претседателски избори.
Доколку по завршувањето на рокот вечерва во 22:30 часот нема приговори ДИК утре ќе го достави извештајот со конечните резултати од претседателските избори до Собранието, а потоа се очекува претседателот на Парламентот, Јован Митрески да ја закаже седницата во недела напладне за инаугурација на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова.
На 8 мај во земјава се одржаа двојни избори, вториот круг од претседателските избори на кои победи Гордана Силјановска Давкова и прламентарните избори на кои најмногу мандати освои ВМРО-ДПМНЕ