Ковачевски: Резултатот е разочарувачки, ќе има внатрепартиски избори

Резултатот е разочарувачки. Не сакам да носам брзи заклучоци. Јас и раководството и сите функционери имаат одговорност. Никој реално не е без одговорност и низ тоа ќе поминеме заедно, изјави на прес-конференција веќе поранешниот премиер на земјава, Димитар Ковачевски.

-Повикувам на нови избори во рамки на парријата. Од претседателот до сите партиски нивоа – изјави лидерот на СДСМ на конференција која е во тек.

Според Ковачевски, првиот чекор во консолидација на СДСМ ќе биде обновување на идеолошката и вредносна матрица која ќе ги собере сите сили на левиот центар.