Заедничката вежба на КФОР и ЕУЛЕКС „Златна сабја 2024“ ќе се одржи во вторник

Мисијата на КФОР и ЕУЛЕКС ќе изведат заедничка вежба во кампот Врело на 7 мај 2024 година, под името „Златна Сабја 2024“.

Како што се наведува во соопштението на КФОР, во вежбата ќе биде опфатена и Косовската полиција.

„Оваа вежба ќе ја тестира нашата способност да применуваме заеднички процедури за управување со кризи во различни безбедносни сценарија. Ќе вклучи значителен број на персонал, возила и средства кои работат низ зоната на вежбата, како и во нејзината околина и долж соседните главни рути. „Златна сабја 2024“ е одраз на нашата долгорочна соработка и посветеност за поддршка на трајната безбедност низ Косово, за доброто на сите заедници“, се вели во соопштението за печатот на КФОР.