На три недели до крајот на сезоната во Премиер лигата, веќе се распределуваат поединечните признанија.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден, е најдобар фудбалер во Англија за сезоната 2023/24 според гласовите на спортските новинари.
Фудбалерот на „граѓаните“ во досегашниот дел од сезоната одигра 31 натпревар во Премиер лигата, а во таа конкуренција постигна шеснаесет гола и запиша седум асистенции.
Во ФА Купот настапи на четири натпревари, на кои постигна два гола, додека во Лигата на шампионите запиша осум натпревари, пет гола и три асистенции.
Манчестер Сити заостанува зад Арсенал за еден бод, но има натпревар помалку, па крајот на сезоната ќе биде неизвесен.
Избраниците на Пеп Гвардиола на 25 мај ќе се борат за трофејот во ФА Купот против Манчестер Јунајтед во финалето.