(Видео) Божиновски: Во Македонија со предветинг би се исчистиле корумпираните актери од Судски совет и Совет на јавни обвинители

„Хрватското правосудство ужива поголема доверба од македонското, не е совршено и таму, но во некои правни решенија се речиси идентични со нашето судство. Ефикасноста на предметите е проблем што се уште се адресира. Има негативна оценка во однос на дигитализацијата, имаше два штрајка на судиите во судовите во Хрватска“ – вели Андреј Божиновски – асистент докторант на Правниот факултет во Загреб во најновото издание на Трилинг.

Тој вели „Во просек казнена постапка во Хрватска се води две години“.

За ветингот во македонското судство и дали тој може да има резултати, Божиновски вели „Што значи ветинг? Тоа е проверка, евалуација, вонредна. Не е доволно разјаснето кој ќе биде опфатен со ветингот“.

„Сметам дека предветинг би бил најсоодветен, во него се чистат корумпирани актери од Судскиот совет и Совет на јавни обвинители. Тоа не бара уставни измени, може да се прави проверка на кандидатите. Во Молдавија имаше добри резултати со предветинг. Во Македонија имаше многу проекти за зајакнување на капацитетите на судството, за зголемување на независноста на тие тела, на судиите. Треба кај нас прво да се направи ветинг и кај извршната, кај законодавната власт. Се печали многу на грбот на правосудството политички поени, судиите не се наивни, многу пари се потрошени за обука на судии, обвинители“ вели Божиновски.

На прашање дали сега беше потребно да се изврши измената на КЗ со намалување на затворските казни кога претходно се велеше дека секој ќе одговара за стореното кривично дело, Божиновски со став „ова е политички прагматизам, не е правда“.

„Во САД за обвинители и судии кои не пријавиле имот имаше казни со 25-30 години затвор. Во Европа се зависи од чесноста, се пријавува имот само кога ќе се стане судија или јавен обвинител. Тоа треба поактивна улога на Антикорупциска комисија, затоа постојат етички тела. Најбитен е чесниот систем. Проблемот со неказнивоста е голем, пред се кога се работи за висока корупција. Кај нас тоа може да се направи само со анализа на состојбата во судството, да видиме кај сме. Предветинг на регулаторните тела ќе помогне“ смета тој.