Претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, на 7 и 8 мај ќе престојува во официјална посета на Србија.
Како што се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ тие два дена ќе биде домаќин на кинескиот претседател.
Инаку, на 7 мај годинава се навршуваат 25 години од нападот на НАТО врз кинеската амбасада во Белград, при што беа убиени тројца кинески новинари.
Си Џинпинг беше во Србија во јуни 2016 година, што беше прва посета на кинескиот претседател на Белград по 32 години.
Вучиќ и Си Џинпинг последен пат се сретнаа во октомври минатата година во Пекинг, за време на третиот форум „Појас и пат“.