Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски рече дека се слушнал со претседателот на ЗНАМ – Максим Димитриевски. Тој очекува поддршка во вториот круг од Димитриевски, за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ – Гордана Силјановска Давкова.
„Се слушнавме и со Димитриевски. Знаете дека ние сме во коалиција во Куманово каде што тој е градоначалник. Очекуваме поддршка за нашиот кандидат од Максим Димитриевски, треба да го прашате да ви даде одговор“, рече Мицкоски.
Тој предупреди дека Македонија била заложник на неколкумина кои во политиката влегле како „голтари, а станале милионери“.
„Јас ги повикувам сите гласачи, на сите кандидати кои не влегоа во вториот круг да ја поддржат Силјановска Давкова и на тој начин Македонија ќе биде повторно горда и нема да биде понижена. Нема да тонеме во политичкото мочуриште, да не бидеме заложници на некои кои стана милиониери, а влегоа како голтари“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.