Премиерката на Северна Ирска, Мишел О’Нил ја изрази својата солидарност со народот на Палестина и рече дека она што се случува во Газа е „геноцид што мора да запре“.
За време на Националниот марш за Палестина што се одржа во Лондон, О’Нил, поранешниот лидер на Шин Фејн и првата националистичка премиерка на Северна Ирска, рече дека е горда што учествува на митингот во знак на солидарност со народот на Палестина, пренесе Анадолија.
„Одлично е да се видат илјадници луѓе повторно на улиците кои повикуваат да се стави крај на колежот на палестинскиот народ. Сите сме сведоци на ужасот, уништувањето на Газа, уништувањето на луѓето во Газа. Од ова место денес ние бараме итен, безусловно и целосен прекин на огнот.