
Две пратки пиперки од Албанија се одбиени на границата со Хрватска поради присуство на остатоци од пестицидот форметанат. Првото предупредување дојде на 22 април, а второто вчера во попладневните часови.
Инаку, форметанатот е инсектицид кој се користи во производството на овошје и зеленчук, но во ЕУ е забранет поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.
Порталот RSAFF предупредува дека во пратката на пиперки од 22 април е забележано присуство од 0,34 mg/kg – ppm пестициди, а ризикот е класифициран како „сериозен“.
Остатоци од овој пестицид, во значително помало количество (0,027 мг/кг – ппм) биле пронајдени и вчера во пратка жолти пиперки. Се наведува дека тоа не претставува „ризик“, но пратката дефинитивно била одбиена поради присуство на остатоци од пестициди.
И двете пратки ќе бидат уништени.