Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска објави дека САД виделе докази за обиди на Кина да „влијае и евентуално да се меша“ на претстојните американски избори.
Блинкен ги кажа овие тврдења пред новинарот на Си-Ен-Ен на крајот од тридневната посета на Кина, каде што американскиот државен секретар се сретна со највисоките кинески претставници, вклучително и кинескиот претседател Си Џинпинг.
„Видовме, генерално кажано, докази за обиди за влијание и можно мешање (во изборите) и сакаме да се погрижиме тоа да биде запрено што е можно поскоро“, рече Блинкен, не прецизирајќи за какви докази станува збор.