„Изминативе седум години се соочивме со многу предизвици. Поминавме три светски кризи во време кога бев премиер, и имавме подеми и падови, но сепак, во ниту еден момент не се откажавме! Цело време бевме заедно со граѓаните,“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанскиот митинг во скопско Сопиште.
Тој се осврна на постигнатите резултати и покрај кризите низ кои поминуваше целиот свет, како зголемувањето на минималната плата за 120%, просечната за 80%, а пензиите за 55%.
„100 милиони евра дадовме за развој на економијата и домашните компании, обезбедивме намалување на невработеноста двојно, а 2,6 милијарди евра антикризни мерки ги поддржавме граѓаните и стопанството и ја спасивме земјата од колапс,“ порача Ковачевски.
Тој посочи дека тоа не е доволно, и дека знам може и повеќе, како и дека имало и грешки и не било се идеално. И затоа тој вети пред граѓаните дека ќе даде сѐ од себе, сите грешки да бидат поправени.
„Но, горд сум што можам да кажам дека една работа ја направивме исклучително правилно. Го задржавме европскиот курс и земјата ја придвиживме напред. Денес сме земја земја членка на НАТО со отпочнати преговори со ЕУ. По 17 години чекање. И тоа, за нецели 7 години. Од заробена држава, до ова што сме денес,“посочи Ковачевски.