Кој ќе ја формира Владата на Хрватска?
Петти ден по парламентарните избори и се уште не се знае кој ќе го формира мнозинството.
Потребната комбинаторика за собирање на 76 согласности се прави зад затворени врати, пишува загрепски N1.
Како што потврди претседателот на ХДЗ и на Владата, Андреј Пленковиќ, денеска почнуваат понатамошни разговори за формирање на мнозинството „со сите кои се подготвени за тоа, согласно довербата што ја добија од гласачите“.
Како што дознава „Вечерњи лист“, ХДЗ разговарала со ДП на чело со Томо Медвед, а од саботата им се придружил Иван Анушиќ на барање на самото Татковинско движење.
Партијата Фокус на Фејсбук објави дека нема да влезе во коалиција со ХДЗ.
Мислав Колакушиќ од партијата Право и Правда објави видео на Фејсбук во кое вели дека на Хрватска и треба силна суверенистичка опција, а не да ја одржува во живот корумпираната ХДЗ.
„Многумина од нас беа изненадени од фактот што и толку голем одзив на граѓаните, кои сакаат промени, не резултираше со промена на изборниот резултат. Релативен победник е повторно ХДЗ, партија на корумпирани луѓе, криминална организација законски осудена за изнуда и перење пари, меѓутоа, релативен победник е всушност опозицијата, хрватските граѓани се поделени од целосно левичарски опции до, можеме да кажеме. конзервативни опции. Помеѓу се либералите или некој центар, кој во реалноста не постои. Како да се создаде влада која ќе ја смени Хрватска?“, рече Колакушиќ, пишува N1.