Во време кога милиони луѓе ширум светот се соочуваат со финансиски проблеми поради актуелната светска економска криза, трошоците за паркирање на аеродромите значително се зголемени, а во некои случаи и до 260 отсто.
Паркингот на аеродромот „Чилипи“ кај Дубровник, според истражувањето на „Шпинкашин“ е прогласен за најскап во светот, а по него е аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.
Во истражувањето анализирани се 300-те најпопуларни аеродроми во светот, рангирани според најскапите неделни стапки за паркирање, кои се споредуваат со просечните плати во тие земји, пренесува „Пословни дневник“.
Патниците кои летаат од аеродромот во Дубровник за еднонеделно паркирање на аеродромот трошат 74,77 отсто од просечната неделна плата во Хрватска или 233,62 евра.
По Дубровник, најскап е аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, каде патниците за седумдневно паркирање плаќаат 50,18 отсто од просечната неделна плата во Србија.
Меѓу десетте најскапи се најдоа аеродромот во Тбилиси, Гетвик во Британија, потоа аеродромот во Малта.