(Видео) Сите зборуваат дека Барса е оштетена, Тер Штеген вели: Ова е срам за фудбалскиот свет

Реал ја победи Барселона со 3:2 во Ел Класико на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ и на тој начин практично ја обезбеди титулата шампион на Шпанија.

Тоа беше натпревар во кој Барселона двапати водеше, а на крајот Реал стигна до победата во 92. минута и му побегна на најголемиот ривал на 11 бода.

Во Барселона се бесни на судиите. Сметаат дека се оштетени за голот во 27. минута.

Тогаш голманот на Реал, Андриј Лунин, едвај ја извади топката од гол линијата или надвор од голот.

Во Примера нема гол технологија, а ВАР сметаше дека топката не влегла во голот.

„Ова е срамота. Многу е разочарувачки што не можеа да најдат агол да ја проверат ситуацијата. Има многу пари на овој свет и не разбирам зошто ја немаме технологијата што ја имаат другите лиги. Срам за фудбалскиот свет“, изјави голманот на Барселона, Марк Андре тер Штеген.