Ахмети до Мицкоски: Пораснат си со гурабии, не си ја барај бељата, бирај ги зборовите, уште си млад

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва од митингот на плоштадот „Македонија“, порача дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил пораснат со гурабии и кекси, пишува ТВ21.

Тој му порачал да пази што зборува бидејќи уште е млад и устата млеко му вадела.

„Јас патував малку подолго и одвај чекав да дојдам тука кај вас за да му кажам неколку зборови на Христијан Мицкоски. Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со кекси (бисквити). Јас сум пораснат во кула од камен што три пати е изгорен од поробувачите. Христијан, народот мој вели дека камен по камен се гради тврдината, збор по збор започнува бељата, не започнувај беља (проблем). Не започнувај беља и бирај ги зборовите, уште си млад и устата млеко ти вади“, порача Ахмети.