Телата на 180 Палестинци беа пронајдени во масовна гробница во болница во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, откако палестинските тимови за цивилна одбрана открија гроб во медицинскиот комплекс Насер, објави Ал Џезира.
„Во дворот на болницата, припадниците на цивилната одбрана и болничарите извлекоа 180 тела кои израелската армија ги закопа во оваа масовна гробница. Меѓу телата има и постари жени, деца и млади мажи“, соопшти катарската телевизиска мрежа.
Масовната гробница беше откриена откако израелската армија ги повлече своите војници од Кан Јунис на 7 април.
Голем дел од Кан Јунис сега е во урнатини по неколкумесечни израелски бомбардирања и тешки борби.
Израелските сили убиле 14 лица за време на рацијата на бегалскиот камп Нур Шамс на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство, додека израелските доселеници убиле возач на брза помош во обид да стигнат до Палестинците повредени во насилство јужно од градот Наблус, според Ал. Џезира.
Според Министерството за здравство во Појасот Газа, управуван од Хамас, најмалку 34.049 Палестинци се убиени, а 76.901 се ранети во израелските напади врз Газа од 7 октомври минатата година.