Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател потврди дека Вашингтон ќе стави вето на вечерашното гласање во Советот за безбедност на Обединетите нации за барањето на Палестина за полноправно членство во Светската организација.
За време на брифингот со новинарите, Пател рече дека нема едногласно мислење меѓу членовите на комитетот за тоа дали Палестинците ги исполнуваат критериумите неопходни за да бидат дефинирани како држава и истакна дека палестинската управа „мора да помине низ значајни реформи за да може да преземе државни одговорности“.
Администрацијата на претседателот Џо Бајден долго време се спротивставува на палестинските напори за еднострано обезбедување статус на државност во ОН, тврдејќи дека целта треба да се постигне преку директни преговори со Израел. п