Олимпискиот оган е запален во Олимпија, ќе биде во Грција до 26 април
Во античка Олимпија денеска беше запален олимпискиот оган за Олимписките игри што ќе се одржат во Париз од 26 јули до 11 август годинава.
Пламенот беше запален од сончевите зраци во античка Олимпија, на Пелопонез, со пригодна церемонија.
Прв носител на факелот е грчкиот веслач Стефанос Дускос, добитник на златниот медал во Токио во 2021 година.
Олимпискиот оган ќе патува низ Грција до 26 април, а на тој ден во Атина ќе се одржи церемонија на предавање на факелот на Франција, домаќинот на Олимписките игри.
Пламенот ќе патува во Франција со брод од 27 април, а од 9 мај до 25 јули ќе патува низ бројни градови на земјата домаќин на Олимписките игри.
Свеченото отворање на најголемиот спортски настан на планетата ќе се одржи на стадионот Сент Дени во Париз на 26 јули.