„Недела се навршија 12 години од монтирањето на случајот Монструм во врска со петкратното убиство кај Смилковското езеро. За ова дело, фабрикувано од параполитичките структури, петмина невини Албанци се осудени на доживотен затвор или максимална казна. Од страната на власта, оваа годишнина беше третирана како и сите други: со молчењето што ја карактеризира вината. Монструм, Сопот, Бродец, Алфа, Диво Насеље и други, сите се имиња кои не потсетуваат на отворената рана во нашето општество, онаа на селективна правда која ги угнетува Албанците. Овој систем на неправда го претвори Албанецот во парче месо, за политички пресметки или за туркање на шовинистичката агенда секогаш кога се загрозува нечија власт“ рече денеска на прес-конференција претседателскиот кандидат Арбен Таравари.
Тој посочи дека „селективната правда во политички мотивираните случаи, но и се поголемата неказнивост по измената на Кривичниот законик, не доведоа до ситуација во која само 2% од граѓаните веруваат во правдата“.
„Јас како претседател на Републиката ќе преземам конкретни чекори за решавање на политички монтираните случаи и за враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем. Со коалицијата ВЛЕН, како врвен приоритет ќе имаме формирање на независно, ефективно и правично судство, каде никој нема да биде над законот и никој нема да биде потиснат поради националната припадност. ВЛЕН се обврзува за создавање на привремено тело на западни експерти, главно од европски земји, кои ќе бидат интегрирани во обвинителските и судските совети на Северна Македонија со шестгодишен мандат. Ова тело ќе ја следи работата на домашните судии и обвинители. Но и самите ќе придонесат како судии и обвинители. Со доаѓањето на ВЛЕН на власт, сите жртви на монтираните случаи ќе бидат ослободени и обесштетени“ рече Таравари.
Тој посочи „ќе го истуркаме законот за ветинг на судии и обвинители и целосно ќе го реформираме системот за избор, унапредување, дисциплинирање и разрешување на судии и јавни обвинители“.
„По народниот плебисцит од 24 април и 8 мај, во нашиот правосуден систем нема да има место за корумпирани судии и обвинители со југословенски менталитет. ВЛЕН ќе направи европеизација на правосудниот систем, како неопходен услов за запирање на епидемијата на корупција и селективна правда. Можеме да станеме земја-членка на ЕУ само кога Судот во Тетово и Скопје ќе бидат доверливи како Судот во Берлин или Бон. Друг начин нема“ заклучи Таравари.