Роберт де Ниро отвора два луксузни хотели во Софија и Варна

Американскиот луксузен бренд за хотели, ресторани и резиденција Nobu Hospitality, во сопственост на актерот Роберт де Ниро, ќе отвори два хотели во Бугарија.

Оваа компанија е основана во 1994 година од Де Ниро, познатиот готвач Нобу Мацухиса и филмскиот продуцент Меир Тепер, објави бугарската bTV.

Хотелите Nobu Hospitality ќе бидат отворени во Софија и Варна, а како што наведува компанијата на својата веб-страница, овие објекти ќе остават значаен белег на Балканот.