За време на неговиот мандат, поранешниот американски претседател Доналд Трамп „многу јасно ставил до знаење“ дека мисли дека Украина „мора да биде дел од Русија“, рече неговата поранешна советничка Фиона Хил во новата книга на американскиот новинар Дејвид Сангер за националната безбедност на САД во услови на закани од Русија и Кина.
„Трамп многу јасно стави до знаење дека мисли, знаете, дека Украина, и секако Крим, мора да бидат дел од Русија“, рекол Хил, висок директор за европски и руски прашања во Советот за национална безбедност на САД од 2017 до 2019 година на Дејвид Сангер, новинар на Њујорк Тајмс и автор на книгата „Новите студени војни: Подемот на Кина, инвазијата на Русија и борбата на Америка за одбрана на Западот“, објави „Гардијан“, кои имале увид во книгата, која ќе биде објавена во вторник во САД.
Таа истакна дека Трамп навистина не можел да разбере дека Украина е независна земја.