„Цврстите лидери никогаш не се грижат за системот, ниту за граѓаните, туку тоа се личности со болни нарцисоидни особини чија што цел е да биде вниманието свртено само кон нив. Претседателот е врховен командант на вооружениете сили, јас сум сигурен дека се наоѓаме во предвоена состојба и наредниот претседател ќе биде военодопски претседател“ – вели универзитетскиот професор Јордан Шишовски во најновото издание на Трилинг.
„Сосема се реални проценките дека годишниот емиграционен бран е некаде околу 15.000 лица. Се иселуваат сите, со ред. Ова е процес кој нема етнички граници, бариери, идентичен е насекаде“ вели Апостол Симовски – директор на Државниот завод за статистика во Трилинг.
Тој смета дека „македонскиот граѓанин она што го има заштедено сака да го чува во материјални добра, не во пари, нешто што има потрајна вредност“.
Александра Теменугова од Институтот за комуникациски студии во најновото издание на Трилинг на прашање дали партиите и медиумите се во некаков дослух ќе каже „За жал, да. Тоа го гледаме преку низата прекршувања на новинарските стандарди“.
Ова е комплетното издание на емисијата емитувана на 12.04.2024 година: