Попладнево уапсен е новинарот Фуркан Салиу, објави 4NEWS.mk.
Настанот се случил во село Коњаре, по фудбалскиот натпревар Коњаре – ФК Куманово во Третата лига на земјава.
„IN7.tv“ објави кратка видео снимка од апсењето на новинарот.
Неофицијално, Салиу бил приведен откако, според првичните информации, нападнал полицаец – припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР).
По инцидентот полицијата извршила претрес на Салиу и на неговото возило, при што нашла еден пиштол во неговиот ранец.
По ова Салиу бил однесен во полициската станица Гази Баба.