Двајца мртви и четворица повредени во експлозија во продавница за оружје во Грузија

Две лица загинаа, а четворица се повредени во денешната експлозија во продавница за оружје во Тбилиси, објави Министерството за внатрешни работи на Грузија.

Екипи на Брза помош ги префрлиле повредените во различни болници, а на терен се и припадници на полицијата и противпожарната служба.

„Во овој момент се преземаат сите неопходни мерки“, соопштија од Министерството.