Филипче кон младите: Бидете толерантни еден кон друг, политиката не смее да ве подели

На средба со младите од Прилеп, носителот на листата на СДСМ д-р Венко Филипче вчера имаше прилика директно да слушне за нивните потреби, но и амбиции за младинска активност и вклучување во одлуките за обликување на општеството.

Младите се клучен сегмент од развојот на едно здраво и демократско општество и тие треба да ја преземат одговорноста во иднина да ја водат државата.

„Многу скоро ќе дојде време кога вашите генерации ќе треба да ја преземат одговорноста во државата, затоа во вас СДСМ гледа идни носители на развој на македонското општество“, додаде Филипче.

За нивните идеи, д-р Филипче вети дека како пратеник ќе направи сè за да овозможи тие да бидат реализирани.
Филипче истакна дека СДСМ верува во вредноста на младите и затоа ќе им овозможи подобри услови во сите степени на нивниот развој, од образование, преку квалитетно вработување дома и градење на нивната професионална кариера и развој.

Тој им порача на младите не постои брза приказна за успех, но постои можност со амбиција да го постигнат зацртаното.
Носителот во ИЕ 4 истакна дека СДСМ се грижи младите да ги добијат истите шанси и можности што ги имаат нивните врсници од Европската Унија преку доближување на нашето образование до европското, со програми за размена на студенти, бесплатни екскурзии и укинување на таксите за испити.

На крај тој им порача на младите да бидат толерантни едни кон други без разлика на различните определби или интереси, да бидат подготвени и за компромис, но никогаш да не го губат од вид општото добро.

„Сакам да ви порачам да бидете толерантни еден кон друг без разлика на различните определби или интереси. Младите не смее да се делат заради политика. Младоста е вашата партија. Мора да развивате политичка култура и меѓусебно да се почитувате“, порача Филипче.