Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Кремљ беше домаќин на српскиот филмски режисер Емир Кустурица, велејќи дека пристапот на Кустурица кон историјата може да биде „многу интересен и продуктивен“.
„Уметноста ја отсликува реалноста на животот, а денес е само заборавено минато. Вашето обраќање до историјата, ми се чини, може да биде многу интересно и продуктивно“, му рекол Путин на Кустурица, пренесува РИА.
Тој ги нарече интересни идеите на српскиот режисер за снимањето во Русија.