Кенеди: Бајден е поголема закана за американската демократија од Доналд Трамп

Независниот кандидат за американски претседател, Роберт Кенеди Џуниор денеска изјави дека актуелниот претседател Џозеф Бајден претставува поголема закана за американската демократија од неговиот претходник и ре-кандидат на републиканците, Доналд Трамп.

„Можам да кажам дека претседателот Бајден е многу поголема закана за демократијата, бидејќи Бајден е првиот претседател во историјата кој користи федерални агенции за цензурирање на политичкиот говор и неговите политички противници“, изјави Кенеди за Си-Ен-Ен.

Тој изјави дека ниту Бајден ниту Трамп не треба да бидат избрани за претседател на САД на ноемвриските избори, но нагласи дека ниту еден од двајцата кандидати нема да ја „уништи демократијата“.